ЈУ ДОМ НА КУЛТУРА КОЧО РАЦИН - СКОПЈЕ
Домот на култура „Кочо Рацин“, во континуитет од 1954 година, интензивно работи на промоција на сите облици на културни дејности, со едукативно-културолошко делување врз сите старосни групи на населението, притоа негувајќи ги нивните вистинските културни потреби.
Домот создава и промовира разнообразни културни и едукативни програми со кои се поттикнува и се пренесува знаење со креативно користење на слободното време на граѓаните, со задоволување на нивните потреби за сопствено творештво. Работи и на унапредување на јавната свест за потребите на децата со специјални потреби со цел подигање на квалитетот на нивниот живот.
Програмските активности ги реализира по дејности: литературна, ликовна, едукативно-образовна, музичка и фолклорна.
Литературната дејност реализира програма којашто има рамномерен пристап кон сите жанровски облици на македонската книжевност. Во едукативно-образовната дејност се остваруваат информативни, образовни, културни, економски и научно истражувачки содржини од најразлични области. На трибините, предавањата, и дебатите коишто се реализираат во циклуси, учествуваат познати професори академици, политичари, новинари. Ликовната дејност е со ангажирана тематика, од сферата на специфичните вредности и карактеристики на македонското поднебје.
Установата е отворена и достапна за сите видови соработка, соработката со другите установи од областа на културата, организации, образовни институции, културни работници во градот, соработка со културни центри од Европа, и европски културни центри во РСМ. Соработка со издавачки куќи, поединци и со приватниот сектор.
ул: „Димитрие Чуповски“ бр.20а, 1000 Скопје
Тел-факс: 02 3163-739
e-mail : dk.kocoracin@gmail.com
http://dk-kocoracin.org.mk/

