ЈУ УНИВЕРЗАЛНА САЛА - СКОПЈЕ

Универзална сала не само објект, туку како динамична културна институција која се прилагодува, развива и дејствува и надвор од своите физички ѕидови. Непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје, во 1963 година, започна изградбата на Универзална сала, како трајно одбележување на хуманата акција на дарителите од странство. Официјално, Универзална сала започнала со работа на 1 јануари 1966  година.
          Универзалната сала, како симбол на културниот живот на градот, и за време на процесот на реконструкција останува активен и релевантен чинител на современата културна сцена. Наместо затворање и пауза, Универзална сала ја продолжува својата мисија преку организација и продукција на културни настани на отворено, достапни за широка публика.
          Во изминатиот период, Универзална сала иницира и реализира низа значајни градски и фестивалски програми, меѓу кои се Бела ноќ, Фестивал на светлината, Средноленд, фестивали за електронска музика, Acoustic Square Festival; како и други помали, но концепциски силни културни настани на различни јавни простори низ градот.
          Со овие активности, Универзална сала: одржува континуитет на културната понуда, ги активира јавните простори како сцени за култура, создава нови формати за презентација на музика, уметност и современа продукција, и ја доближува културата до граѓаните во секојдневниот урбан контекст.

Бул. „Партизански одреди“ бб, 1000 Скопје
Тел: +38923245615
Факс: +38923245081
е-mail: info@univerzalna.com.mk
https://univerzalna.com.mk 

Скролај до врвот