ЈУ ДЕТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР - КАРПОШ

ЈУ Детски културен центар – Карпош е реномирана градска институција, со традиција повеќе од седум децен
Овој Центар спроведува креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите. За време на своето постоење зачувува сè што е добро и го надополнува со современи методи на работа, следејќи ги потребите и желбите на корисниците.

         Своите активности ги насочува пред се кон основната целна група – децата и младите, како директни потенцијални корисници, потоа кон нивните родители и другите учесници во развојот на културните потреби и кон стручни соработници од областа на културата и образованието за деца и млади. Ги интегрира децата од предучилишна до 17 годишна возраст во активностите на Центарот, а преку него ги интегрира во општествениот живот на градот и државата, односно овозможува дидактички прилагодена интеграција на децата во културно-општествениот живот. Индивидуалниот развој на децата е насочен кон остварување долгорочна општествена стабилност и сигурност, преку креативни, педагошки, забавни и креативни активности.

          Основата на Центарот ја сочинува масовното членство на децата во секции и разновидните содржини кои тој ги нуди и обезбедува со постојана подготвеност за развој, следејќи ги нивните потреби и интереси. Активни секции кои се проткајуваат децении наназад се: ликовна, балетска, фолклорна, шаховска, потоа секции за изучување на класична гитара, на народни инструменти, на кларинет, пинг–понг секцијата, драмска секција и детското хорско пеење. Следејќи ги трендовите и потребите на децата, Центарот се прилагодува и успешно отвора и нови секции како што се секција за природни науки, секцијата за мултимедијално творештво, секција за 3Д печатење, како и работилници насловени како Етно креативно катче, работилници за детска филозофија… Со ова се наложува неопходноста од создавање препознатлива и трајна физиономија на Центарот на сите нивоа од општествениот живот со тежиште тој да прерасне во функционална заедница на децата и спрега помеѓу нив и етаблираното општество. Со тоа се овозможува едноставен и брз пристап на децата до сите интересни сфери за нив, но и обратно, се отвара можност за активна партиципација на сите општествени структури во Центарот.

          Од своја страна Центарот ги усвојува и ги развива современите едукативно-педагошки содржини и форми преку постојан контакт со исти или слични организации во земјата и надвор од неа и преку следењето на постоечките трендови во интересните области. Вака Центарот добива димензија на долгорочен културно-општествен едукатор за децата

          Детски културен центар – Карпош е референтна институција во областа на меѓународната културна соработка во областа на детската уметност и култура и е организатор и реализатор на повеќе детски меѓународни фестивали и манифестации за деца и млади во земјата.

Бул. „Илинден“  бр. 53, 1000 Скопје

тел: 02 322 8-111, 075/463-787

e-mail: dkckarpos1@gmail.cоm

https://dkckarpos.org.mk

https://facebook.com/dkckarpos

https://youtube.com/@detskikulturencentarkarpos652                                                                                             Инстаграм профил dkckarpos

Скролај до врвот